Три лица од општините Крива Паланка и Кратово во изминатата седмица биле лишени од слобода поради прекршување на полицискиот час, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ.

Според извештајот на СВР Куманово, во периодот од 14 до 20 мај на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Кратово и Одделение за внатрешни работи Крива Паланка регистрирани се четири прекршувања на мерката забрана за движење.

-Преземени се мерки и активности, при што за едно лице се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок. Во овој период не се регистрирани прекршувања на уредбата за задолжително носење заштитна опрема, информира Чавдаревиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 16:52