На регионалниот пат Градско – Неготино вчера околу 15 часот, патничко со возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 49 годишниот И.Ѓ.од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал.

Како што информираат од СВР Велес, при несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

По укажаната помош во велешката болница поради голем број на скршеници по телото тој во тешка состојба, но надвор од животна опасност бил пренесен на Клиниката Карил во Скопје, информира за МИА,Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

– Повредениот се здобил со сериски фрактури на повеќе ребра,фрактура на карлица двете потколеници и на левото стапало и затоа со наше возило за Итна помош го транспортиравме за понатамошно лекување на Клиниката Карил во Скопје, појасни Неделковска Николова.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2020 13:12