Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.
– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.