Црногорскиот здравствен систем се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус, изјави денеска црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, иако, како што вели, прашање е дали воопшто ќе се појави нов бран.

– Ние се подготвуваме како да ќе има нов бран. Ги видовме ефектите од мерките за превенција што ги спроведовме и суштината на соодветниот одговор е навремена заштита, изјави Храповиќ за новинската агенција Мина.

Црна Гора нема нови заразени повеќе од две недели, а Храповиќ потсети дека од 325 заразени лица, само 76 биле хоспитализирани.

– Црна Гора достигна 175 од почетните 75 респиратори за кратко време, испораката на десет респиратори се очекува следната недела, а 86 до крајот на јуни, додаде Храповиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2020 16:07