За два месеци колку што трае ограниченото движење на граѓаните СВР Тетово има поднесено вкупно 245 кривични пријави и 35 известувања за непочитување на мерката. За неносење маска на лице, односно заштитна опрема, тетовските полицајци поднеле вкупно 350 прекршочни казни и 282 писмени опомени во периодот од 1 мај досега.
– Во изминатиот 24 часовен период нема прекршување на полицискиот час на тетовското подрачје додека за неносење маски се казнети 8 лица, информираше денес тетовската полиција
Лицата кои биле лишени од слобода за непочитување на полицискиот час се соочуваат со пријава за ,,непостапување според прописите за време на епидемија“ според член 206 од Кривичен законик, додека 20 евра е казната за неносење маска. Во првиот месец од воведениот полициски час од 21 мар т до 21 април СВР Тетово имаше поднесено 64 кривични пријави со кои биле опфатени 79 лица.