Во сообраќајна несреќа на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија животот го загуби 73 годишниот З.П. од Гевгелија.

Во моментот на несреќата загинатиот управувал мотоцикл со кој, според очевидци, од споредна уличка излегол на улицата „Јосиф Јосифовски“ токму кога на тоа место поминувал тракторот со кој директно се судрил и настрадал.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основниот суд во Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2020 08:43