На 24.05.2020 год во 21.45 часот женско лице пријавило дека на ул ,,Христо Татарчев,, 17 во Скопје имало нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.
Имено околу 21.30 часот лицето А.Б (26) од Скопје со живеалиште на наведената адреса физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.
Во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б(49) и неговата сопруга В.Б (26)Скопје кои сакајќи да им помогнат исто така физички биле нападнати од лицата.Се работи на целосно расчистување на случајот.