Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час. Предложени се парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.

Од ЈО соопштија дека спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, лицата биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2020 14:37