Kомпанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) на Илон Маск се подготвува да испрати двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица од космодромот на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида.
Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен ќе стартуваат утре во в 16 часот и 33 минути часот по источно американско време со вселенската капсула „Кру драгон“ (Crew Dragon) и ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9). Лансирањето ќе биде изведено од истата платформа од која беше лансирана последната мисија на шатл програмата на НАСА во 2011 година.
Американскиот претседателот и заменик претседател Доналд Трамп и Мајк Пенс утре ќе го следат лансирањето на ракетата, соопшти официјален преставник на Белата куќа.
Пенс претходно на состанок со раководителот на НАСА, Џим Брејденштајн и со други високопоставени официјални лица, укажа дека летот закажан за утре е историски.
– Оваа недела, Америка ќе ги врати во Вселената американските астронаути, на американски ракети од американска земја, изјави тогаш Пенс.
Тој им се заблагодари на на сите вклучени во проектот.
– Тоа е восхитувачки… Америка повторно го враќа лидерството во Вселената. Благодарејќи на Вселенската војска овозможуваме безбедност во земјата… Враќањето на американски астронаути на американска ракета… ги потврдува нашите стремежи за лидерство во бескрајните пространства на Вселената, исто како што Америка е лидер и во слободниот свет, истакна Пенс.
Брејденштајн изјави дека летот до МВС е првиот чекор на НАСА во враќањето на човекот на Месечината, и дека до 2024 година САД ќе пратат луѓе на јужниот пол на Месечината.
Планот е таму да се изгради постојана база. На летот до земјиниот природен сателит во 2024 година ќе учествува и првата жена, која треба да стапне на Месечината.
Според него, НАСА ја заврши разработката на супертешката ракета носач „Спејс ланч систем“ (СЛС), што ќе биде користена за испраќање експедиции на Месечината. Во Вселенскиот центар Стенис во Мисисипи во тек е изградбата на вселенскиот брод и првите испитувања на вселенското летало ќе почнат ова лето и наесен.
Со помош на СЛС ќе биде лансиран веселенскиот брод „Орион“ кој ќе полета и направи круг околу Месечината, првпат по програмата „Аполо“, што заврши на крајот на 70-те години од минатиот век.
Во реализацијаа на програмата учествуваат и партнерите на САД во освојување на вселената – ЕУ, Канада и Јапонија.
Отсега, овој вселенски брод и оној на „Боинг“ кој треба да биде пуштен во употреба годинава, ќе бидат замена за руските вселенски бродови „Сојуз“ кои досега беа единственото транспортно средство за превоз на американските космонаути и научници на МВС.