Баерн ја совлада Борусија Дортмунд (1:0) во 28-то коло од Бундеслигата. За клубот од Минхен, оваа победа беше 15. победа на 18 првенствени натпревари од моментот кога на тренерското место дојде Ханс-Дитер Флик.

Единствениот тренер на Баварците кој успеал во ова претходно е Пеп Гвардиола, кој сега работи во Манчестер сити.

По вечерашната победа во дербито, Баерн ја зголеми предноста на табелата пред второпласираната Борусија Дортмунд на седум бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2020 23:53