Против вкупно 21 лице Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час.

Според ЈО, обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час. ЈО предложи парични казни од по 100 дневни глоби со висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2020 15:18