Охридското Јавно обвиинтелство информира дека поднело предлози за издавање казнени налози против седум лица заради кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Обвинетите се товарат дека за време на полицискиот час се движеле низ Охрид и со тоа не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопштија од Обвинителство.
Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетите во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.