Основното јавно обвинителство во Велес денеска до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Велес. Воедно, Судот предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Сите обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот за време на полицискиот час.​



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2020 01:52