СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М.(54) од Скопје и АД „Водостопанство“ на РС Македонија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Првопријавениот, како вршител на должноста раководител на сектор за речен слив и речни корита во АД „Водостопанство“ и АД „Водостопанство“, по добивање на дозвола од 17.11.2017 за вадење песок, чакал и камен од река Пчиња, на делница Шупли Камен, заради уредување на режимот на водите, на 31.01.2018 склучиле договор со фирма од Скопје за продажба на истиот материјал затоа што немале можност за складирање на материјалот.

Притоа, тие не презеле превентивни безбедносни мерки, односно не биле поставени табли со известување за изведување на активности за црпење на речен материјал, немало поставено заштитни ленти, ниту пак табли за предупредување.

По барање од ОЈО бил извршен увид на наведената парцела и од Државен инспекторат за животна средина бил изготвен записник од извршен инспекциски надзор од 01.10.2019, каде биле констатирани и други нерегуларности кои ги навеле во записникот.

Со ваквото однесување на пријавените на 18.08.2019 во село Шупли Камен, во близина на сепарација на река Пчиња Шупли се случил немил настан-давење на малолетно лице од село Љубодраг, кумановско, односно лицето при капење на необележаното и необезбеденото место пропаднало во река Пчиња во длабнатина направена при ископ на речен песок и чакал.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 01:45