Премиерлигашот Евертон е заинтересиран за дефанзивецот на Интер, Диего Годин, пренесува „Калчомеркато“.

Според изворот, англискиот клуб планира да испати ѓпонуда за 34-годишниот Уругваец веќе во летниот преоден рок.

„Неро-азурите“ се подготвени да се разделат со дефанзивецот.

Претходно во медиумите имаше информации за интересот за Годин од страна на Манчестер јунајтед и на Тотенхем.

Годин помина 25 натпревари за Интер во сезоната 2019/20, има една асистенција на својата сметка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 02:49