Тетовската полиција продолжува со издавањето повеќе десетици прекршочни платни налози за неносење заштитни маски согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи – Тетово за периодот 28 и 29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 40 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР – Тетово бележи 18 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, додека вкупно биле контролирани 206 лица. Изјави за самоизолација потпишале пет лица, а контрола била извршена на 20 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 13:45