Актерот и поранешен директор на драмски театар Сашо Тасевски со доза на иронија порача дека добро е Филипче и Караџовски повторно да излезат на прес-конференција и како што вели онака машки да порачаат: Одлично работиме, заразата е победена, откако денес во Македонија се регистрирани 52 нови инфицирани граѓани со коронавирус.

- Каде она сакавте да одите на 21 јуни? На избори? Затоа што прогласивте победа над короната, така нешто беше, нАли? Пред три дена паѓате во транс на прес, колку јако сте се покажале во борбата со короната, така беше? Се фалевте до подмочување, колку сте блескале на линијата на одбраната. Од каде тогаш, денес, 52 новозаразени. Тоа ви е Новата нормалност? Кога во регионот дневно имаат НУЛА или по еден новозаразен, а ние ја натфрламе двоцифрена бројка заразени од претходниот ден. Тоа од првиот ден го кажуваме, не знаете каде терате. Ајде сега пак Филипче и Караџовски да излезат и онака машки да кажат, одлично работиме, заразата е победена… И да не заборават да спомнат дека блескаме. Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан, порача Тасевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 17:26