Поранешниот заменик-министер за здравство кој по оставката на Таравари и до назначувањето на Филипче ја извршуваше и функцијата прв човек на министерството за здравство а кој потоа беше именуван за Национален координатор за здравство, Гоце Чакаровски си поднел оставка од неговата функција.

Владата не ја извести јавноста за ова кадровско поместување во ресорот здравство кое доаѓа во екот на пандемијата со коронавирусот, па медиумите сами дознаа од објавата на решението во Службен весник.

Решението за разрешување на Чакаровски од неговата позиција било донесено на седница на влада на 22-ри мај, а како што стои во истото, се донесува на лично барање на гинекологот Чакаровски.

Засега мотивите и причините за неговата оставка не и се познати на јавноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 17:26