Четири лица од Велес не ја почитувале забраната за движење.

Основно јавно обвинителство од Велес побара од Судот на лицата да им изрече парична казна во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането.​



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2020 00:50