Во пожар кој избувна синоќа и гореше до раните утрински часови, до темел изгоре семејната куќа на Р.А. од селото Луке, Кривопаланечко.

Од Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка, информираат дека дојавата ја добиле во 19 часот и 44 минути, но според проценките пожароти веројатно избувнал околу 18 часот. Го пријавиле соседите, откако по обидите да го гаснат, во услови на врнежи од дожд, не успеале.

-Нашата екипа поради непристапноста на теренот побара помош од уште едно теренско возило кое веќе за 15-тина минути беше на локацијата и петмина пожарниакри го гаснеа пожарот до 1 часот и 15 минути утринава. Целата куќа на ова четиричлено семејство, за жал, е изгорена, но спречено е ширење на пожарот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Станува збор за четиричлено семејство со две малолетни деца во основно образование, чиј мебел, покуќнина, лични работи, буквално ги однесе огнената стихија.

-Во целата несреќа, среќа е што семејтвото пред настанување на пожарот се оддалечило од домот, не биле дома ниту во времето кога настанал, но штетата е огромна, поради што освен подршката од хуманите соседи и роднини кои ноќва ги згрижија луѓето, сигурен сум, ќе биде потребна и друга помош, додаде Коцевски.

Увид извршила екипа од крим-техника од ОВР Крива Паланка и веќе се работи на утврдување на причините за настанување на пожарот.

Ова е шести пожар на подрачјето на Крива Паланка месецов, а 35-та интервенција на ТППЕ Крива Паланка во 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2020 13:15