Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, е задоволен од победата над Фортуна (5:0) во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат.

– Ние сме многу, многу амбициозни. Атмосферата во тимот е навистина одлична. Ние сакаме да победиме на секој натпревар, можете тоа да го видите на теренот. Јас се обидувам да му помогнам на тимот. Овде фудбалот е забавен, изјави Алаба.

Договор? Се обидувам да се фокусирам на најважната работа. Не поставивме рок. Ајде да видиме како работите ќе се движат во наредните недели, истакнува Алаба.

Тимот од Минхен ја зголеми предноста на табелата во Бундеслигата пред второпласираната Борусија Дортмунд на 10 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2020 13:53