На 31.05.2020 околу 01.15 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(30) од Косово поради тоа што при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар).

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2020 04:57