На 30.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2020 05:17