Изминатото деноноќие полицијата регистрирала 585 прекршоци за неносење заштита на лице. На територијата на државата на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, при контролите не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук објави дека досега полициските службеници констатирале вкупно 4.694 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.
Тој наведува и дека во државен карантин се спроведени 52 лица.
– Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на Владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид-19, посочува министерот Чулев во објавата.