Попладнево околу 15:30 часот се случи сообраќајка несреќа меѓу две патнички возила на патот пред гробиштата Раштани кај Велес, при што се поврфедени две лица. На местото на настанот е екипа на Итната медицинска помош и увидна поливциска екипа, потврди за МИА, Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Како што информира д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес, во сообраќајка на две патнички возила со повреди се здобиле двајцата возачи кои биле сами во возилата.Тие имаат повреди на колената на нозете, укажана им е прва помош, биле имобилизирани и транспортирани во Ургентниот центра при велешката Општа болница.