Основното јавно обвинителство Ресен поднесе против три лица од Ресен предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите на 25.05.2020 година, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест КОВИД – 19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинетите, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила по ул.„29-ти Ноември“, без притоа да поседуваат дозволи за движење.

– За стореното, обвинителството на судот му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.​



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2020 16:27