Нарачките на руска воена опрема од страна на Турција се проценуваат на околу една милијарда долари, изјави шефот на руската федерална служба за воено-технолошка соработка, Дмитриј Шугаев, во интервју за турската телевизија „Екотурк“.
– Денес можеме да кажеме дека нарачките на руската воена опрема од Турција изнесуваат вкупно една милијарда долари, рече Шугаев, додавајќи дека има цврста основа и добар потенцијал за натамошен континуиран напредок во развојот и соработката во воената сфера, објави ТАСС.
Во септември 2017 година, Русија потпиша договор со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана С-400 во вредност од 2,5 милијарди долари, а првите испораки започнаа на 12 јули.
Во август 2019 година, турска делегација, предводена од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изврши увид во руските борбени авиони „Сухој-35“ и „Сухој-57“ на меѓународниот воздухопловен саем МАКС-2019 во Жуковски, во близина на Москва.