За првиот секретар на Социјалистичката партија Оливие Фор, сојузите на општинско ниво за вториот круг меѓу кандидатите на Републиката во марш (ЛРЕМ) и Републиканците (ЛР) ќе предизвикаат електрошок кај левицата, како и „момент на разјаснување што се очекуваше“, повикувајќи на обедиунување на левицата, јави дописникот на МИА.

-Насекаде Република во марш (центар) прави сојузи со Републиканците (десница) истакна Оливие Фот за Франсинфо, насочувајќи ги особено договорите склучени во вторникот во Стразбур, Бордо или Клермон.

-Исто така тоа е логично затоа што премиерот доаѓа од таму (ЛР). А оние што доминираат на сцената од страната на Републиката во марш, тоа е Дарманиан (министерот за буџет,), Ле Мер (министер за економија,), кои даваат предлози што некогаш давала десницата. Ова е момент на разјаснување што се очекуваше , продолжи тој.

За првиот секретар на ПС, овие сојузи ќе предизвикаат електрошок кај левицата, која ќе „разбере дека пред себе има блок ШТО е составен: од блок на либералите, десничарите од Републиката во Марш и републиканците “.

– Исто така разбираме дека меѓу Републиканците во марш и Републиканците, има само еден чекор и тој е направен. Сега, левицата треба да биде одговорни и да покаже дека е можна друга иднина, потврди тој.

Оливие Форе, особено, го осуди парадоксот, според него, меѓу тоа што го зборува претседателот Емануел Макрон кој вети политички пресврт и маневрите околу вториот круг на изборите во општините.

-Имавме претседател на Републиката кој одржа говор што скоро сите можевме да го потпишеме во раните денови на кризата со коронавирус. (…) Тоа беше претседател кој се претстави себеси како шампион на социјалдемократијата, на политичката екологија “, реагираше Оливие Фор.

-И што забележуваме? Дека денес негови пријатели се оние кои објаснуваат дека е неопходно да се блокира екологијата во градовите затоа што би било опасно да се имаат велосипедски патеки, рече тој со иронија. Во повеќе градови, како Нанси или престолнината Париз, социјалситиоте се здружија со еколозите и зелените, но тоа не успеа во Стразбур.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2020 15:49