Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана насилна смрт, а во извлекувањето на телото интервенираа Противпожарната единица на Град Скопје и полицијата.

Случајот го потврдија од СВР Скопје од каде информираа дека станува збор за 76-годишниот Г.Б.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2020 16:07