Од почетокот на месец јуни, пет лица од Општина Крива Паланка добиле прекршочни пријави за неносење заштитни маски.

– Контролите на службените лица од Министерството за внатрешни работи се интензивни и засилено е присуството на терен со цел контролирање на граѓаните во однос на почитување на препораките и мерките изречени од службите во периодот на пандемијата. Истите од почетокот на месец јуни на подрачјето на ОВР – Крива Паланка регистрирале пет случаи на неносење маски и издадени се пет прекршочни платни налози, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР – Куманово.

Во наведениот период, на подрачјето на ПС Кратово нема регистрирани случаи со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2020 23:55