Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 28 мај годинава, на социјалната мрежа фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2020 22:37