Прилепското Основно јавно обвинителство до основните судови во Прилеп и во Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица кои го прекршиле полицискиот час.
– Непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, обвинетите сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
Од ОЈО посочија дека надлежен јавен обвинител му предложил на Судот за секој од обвинетите да определи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.