СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
На 15.03.2020 на социјална мрежа „Фејсбук“ на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево.