Локализиран пожарот во село Русиново кој синоќа до доцна во ноќта го гаснеа пожарникарите при Територијалната противпожарна единица и екипа на Шумско стопанство Берово.
Пожарот, како што информираше командирот на ТППЕ Берово Сашко Руменовски ,бил пријавена од страна на жителка во селото околу 23 часот.
-Пожарот само што беше зафатил подрачје со борова шума во атарот на село Русиново. Гаснењето се одвиваше од 23 до 02 часот по полноќ, а во акцијата за гаснење учествуваа тројца пожарникари со едно теренско возило. На лице место затекнавме и тројца шумски полицајци. Пожарот е локализиран, а претходно за енговата појава не известија од Центарот за управување со кризи, кои најверојатно добиле повик од мештаните, рече Руменовски.
Како што додава Руменовски, причинетата штета во пожарот била од помал обем.
Пожарот бил пријавен и во полицијата од каде е извршен увид, а притоа не се забележани повредени лица.