Во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани се 481 прекршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 се приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење.
Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на полицијата.