Полицијата привела алкохолизирано лице во скопската населба Ѓорче Петров кое ги навредувало и омаловажувало униформираните службеници кои на пријава на граѓани го предупредиле за нарушување на јавниот ред и мир.

Како што соопшти МВР, полициските службеници постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.

-При преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2020 13:44