На место викано „Стрчин“ вчера удрил гром во штала и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа од Битола.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во СВР Битола.

– На место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола, наведуваат во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2020 13:55