Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од пет евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ОЈО.
Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.