Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеа и лежеа неколку лица, најверојатно мигранти.

На местото на несреќата забележливо беше силно полициско обезбедување, против пожарно возило и возило на итната медицинска помош.

Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2020 22:57