Од слобода е лишен А.С.(45) од село Лојане, липковско, поради тоа што околу 03.00 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничкото возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезува 12 мигранти.

Од МВР денеска информираат дека 10 од мигрантите биле од Авганистан и двајца од Иран. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2020 13:54