Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против А.А.(50) од с.Горенци, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ и против Л.Л.(20) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено преминување на државната граница“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 04.06.2020 во 14.45 часот, царински службеници, при контрола на товарно возило „МАН“, управувано од А.А., ја пронашле Л.Л. скриена во кабината на товарното возило.
Од страна на ОЈО Струга на албанската државјанка Л.Л. ѝ била одредена мерка притвор од осум дена.