Тетовската полиција бележи пријава за тројца полициски службеници до Секторот за внатрешна контрола поради физички напад. Во друг случај е приведно лице кое било агресивно кон полицајци.

-Д.С.(20) од Горно Седларце во СВР Тетово пријавил дека во вторникот околу 19 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово физички бил нападнат од тројца полициски службеници на СВР Тетово, кои потоа го внеле во возило и по кусо време му дозволиле да замине. За настанот е известен Секторот за внатрешна контрола, професионални стандарди и полициски истраги и се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од тетовската полиција.

СВР Тетово информира и дека вчера околу 20 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, М.А.(21) од Порој, кој управувал мотоцикл, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Поројчанецот е е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2020 15:31