Во СВР Велес синоќа во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредниот бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.

-Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид,информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2020 16:27