Oсновното јавно обвинителство од Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои не го почитувале полицискиот час.
– Обвинетите во одвоени случаи, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител бара на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби.