Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

За неносење лична заштита на лице санкционирани ќе бидат 1071 лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2020 12:55