Во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 23 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19,информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додаде дека на подрачјето на ОВР Кичево, моментно во изолација се 33 лице, а во самоизолација се регистрирани 17 лица.

Воедно, полициските службеници самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 34 контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2020 16:47