Најмалку два метра растојание меѓу справите, но и меѓу лицата, кои се дел од групните тренинзи, ограничен број посетители, задолжителна регистрација пред влезот, антисептици, задолжително носење заштитни маски за вработените, се дел од упатствата и правилата под кои од денеска започнуваат со работа фитнес центрите во Грција по тримесечна пауза, јави дописничката на МИА од Атина.

Дозволениот број на лица е во зависност од големината на фитнес центарот, но не смее да биде над 50 отсто од капацитетот.

Ограничувања има и за соблекувалните, до четири лица на 20 метри квадратни, а за секои десет метри квадратни по едно лице и произволна употреба на маска.

Заштитната маска е задолжителна за сите вработени.

Секој посетил на фитнес центрите, треба да го одржува потребното растојание, да има свој пешкир, задолжително да ги дезинфицира рацете пред и по секоја вежба, а со антисептик ќе треба да исчисти и справата пред секоја употребата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 17:02