Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ патничко моторно возило „форд фокус“ управувано од 15-годишник од Куманово удрило во бетонска жардињера, па во метална врата од сервис за миење автомобили.
Како шти соопшти МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобил друг сопатник Ф.Ј.(18) двајцата од Куманово, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.