ШТО Е 5 ДО 12 И КАКО ДОЈДЕ ДО ОВАА ИДЕЈА?
5 ДО 12 е custom handmade работилница.
Искрено, 5 до 12 настана како “издувен вентил”.
Некоја година пред официјално да започне да постои 5 до 12, морав да смислам брз поклон за роденденот на мајка ми, која има доста специфичен вкус, па се одлучив за DIY - изработив еден скромен беџ со нејзиниот омилен на сите времиња, Дејвид Боуви.
Нејзината реакција кога го виде, беше моја инспирација да започнам со сево ова. И сеуште ми е.
Со четки и бои сум уште од мала, по стапките на мајка ми но, студирањето архитектура на некој начин ме насочи кон ова. Сакав да створам нешто што не е поврзано со факултет, а ќе ме одмара додека работам, тотално се исклучувам од светот.
Така и почнав, немав ни некој конкретен план, едвај се натерав да направам инста профил хаха
На следниот линк може да ја посетите инстаграм страната на „5 до 12“: https://www.instagram.com/5.do.12
ШТО ИЗРАБОТУВАШ? Понекогаш си мислам..палетата на производи нема крај. Секој ден ми доаѓа на ум нешто ново што сакам да пробам да го изработам, сакам да експериментирам, не сакам монотонија, ниту пак ограничувања.
Главниот и најавтентичен производ на 5 ДО 12 се персонализираните привезоци за миленици.
Пред да почнам со ова направив еден детален research на нашите локални брендови, уметници, работилници..сакав да се осигурам дека ќе почнам нешто што ќе биде ново и освежувачко.
Feedback-от од публиката беше и се уште е феноменален. За мене тоа е најдобрата мотивација.
А покрај ова-беџови, подметачи за чаши, обетки, разгледници, магнети, сликам на платно..
БАЗАРИ
Обожавам базари! И како продавач, и како купувач, има некоја посебна аура на тие настани, особено од “продавачката” страна на штандот, убаво е да се гледаат реакциите на луѓето што стојат од спротива.
Прв базар на кој што учествував беше во Љубов, таму го скршив мразот )
Имам многу убави искуства од сите базари до сега.
СОРАБОТКИ
Многу ми е мерак да соработувам. Сакам да слушам туѓи мислења, сакам 100 различни идеи да се склопат во едно.Целта ми е и да соработувам со поголеми фирми, ресторани, кафулиња..сакам да правам уникатни и custom дизајни, не сакам шаблонски концепти.
До сега имав соработка со тимот на Redbull Македонија, Македокс-фестивалот за документарци во Куршумли Ан (што е патем мојот омилен настан во Македонија) и од скоро почнав да соработувам со Кафе бар Ланголо.
КАКВА МУЗИКА СЛУШАШ ДОДЕКА РАБОТИШ?
Додека цртам сакам во позадина да оди нешто што ќе ме држи во добро расположение, но да не ми ја зема концентрацијата-полабавата варијанта од техно, alternative rnb, трип хоп..се што има електро елементи.
ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ИЗРАБОТУВААТ ПРОИЗВОДИТЕ?
Ова е прашање што многу често го добивам..и искрено никогаш не го одговорив, и се уште немам одговор на истото..
Секогаш имам по неколку различни парчиња пред мене кои паралелно ги цртам, кое како ме влече
Дали ќе бидам продуктивна или ќе биде пропаст зависи од расположението
ШТО НАЈМНОГУ САКААТ ДА КУПУВААТ ЛУЃЕТО?
Мислам дека публиката е некако приближно подеднакво поделена на беџови и привезоци.
За нијанса водат привезоците со кучиња, бидејќи сепак тие се trademark-oт на 5 до 12 но, има и голем интерес за беџовите.
Многу позитивно се изненадив од фидбекот на публиката за Скопје колекцијата која ја извадив минатото лето/есен која се состои од магнети, разгледници и подметачи за чаши со објекти кои што јас сметам дека се многу значајни за нашата архитектура.
Пред тоа, Pride колекцијата во чест на првата парада на гордоста што се одржа во Македонија буквално растури! Не очекував толку позитивни реакции искрено.
Исто така Disney колекцијата мислам дека сите ги врати во детство, што впрочем и беше мојата цел кога ја подготвував.