По одложен судски спор во Основниот суд во Радовиш две групи од по пет лица продолжиле да делат „правда" со тупаници пред судската зграда, информираат од СВР-Струмица.
– Вчера околу 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш, стои во информацијата на полицијата.
Се додава дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава